Даниел Крстевски е кандидат за градоначалник на општина Ранковце од СДСМ

Даниел Крстевски е кандидат за крадоначалник на општина Ранковце од редовите на СДСМ, на претстојните локални избори. Носител на советничката листа е Ангела Марковска.
– Со особена чест и задоволство ја претставувам Д-р Ангела Марковска, носител на советничката листа предводена од СДСМ во Општина Ранковце. Ангела е млада, амбициозна личност, со голема енергија и искрена желба да придонесе за развојот на нашата општина. Таа е дипломиран доктор по општа медицина, посветена на луѓето и нивните потреби, а нејзината професионалност и човечност се најголемата гаранција дека интересот на граѓаните секогаш ќе биде на прво место.
Убеден сум дека заедно со Ангела и целата наша советничка листа ќе донесеме свежа енергија, нови идеи и вистински решенија за Ранковце.
Време е за млади луѓе со визија! Време е за Ранковце кое чекори напред! – порача Крстевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e