ДАЛИ ВМРО-ДПМНЕ ПОДГОТВУВА НОВ ГРАБЕЖ НА ЛОЗАРИТЕ!

Лозарите од Тиквешијата и цела Македонија повторно се оставени сами на себе!
Додека тие со пот на челото го одгледуваат грозјето и се борат за гола егзистенција, ВМРО-ДПМНЕ повторно си играат со нивната мака, реагираат од СДСМ Кавадарци.

Сите паметиме што се случи во 2016 година. Тогаш директор на Државниот инспекторат за земјоделство беше сегашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Под негово водство, ВМРО-ДПМНЕ им даде три денари на винариите, а лозарите ги остави со неплатено грозје!

СДСМ мораше да менува закони за да им се исплати заостанатото на лозарите, меѓу нив и грозјето во „Повардарие“ и во „Стефани“ (позната и како „Петра“).

И денес повторно гледаме исто сценарио. Повторно имаме проблем со откупот на вранецот.

Повторно истите луѓе, истата партија и истата шема.

Лозарите со право прашуваат:

• Дали ВМРО-ДПМНЕ подготвува нов грабеж на лозарите?
• Дали повторно ќе се даваат пари на винариите, а лозарите ќе останат со празни раце?
• Дали 2025 година ќе биде повторување на 2016 година – иста измама, ист срам, ист грабеж?

Исто така сакаме да го прашаме градоначалникот Митко Јанчев, каде е ветената дестилерија?

Тој во два наврати пред избори им ветуваше на лозарите изградба на дестилерија во Кавадарци – објект кој ќе интервенираше токму во вакви години со вишок грозје.

Но наместо дестилерија, денес гледаме како се отвораат сомнителни винарии и откупни пунктови, каде повторно лозарите губат, а профитираат партиски блиски фирми.

Доста е! Лозарите имаат право на чесна цена, сигурен откуп и фер третман.

Трудот на лозарот мора да се почитува, а не да се гази.
Народот памети.
Лозарите паметат.
Нов грабеж не смееме да дозволиме! – порачаа од СДСМ Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e