Четири лица затруени во базен на охридски хотел

Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел.

Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот.

Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.
-Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој истакнува дека по расчистувањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e