На 25.06.2025 во 21.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.Л.П.(45) од Р.Бугарија, затоа што при извршена гранична контрола е констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за патничко возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Toj е предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.