Прес конференција,
Стефан Богоев, пратеник во Собрание на РМ
Скопје, 04.09.2017
Почитувани сограѓани,
Загадувањето во општина Карпош кое е високо и за време на летниот период, достигнува драматични размери.
Официјалните податоци покажуваат дека овен ПМ честички, во воздухот постои и големо количество арсен.
Присуството на канцерогената супстанца арсен во воздухот, на моменти изнесувала и 14 нанограми на метар кубен што е двојно повеќе од пропишаната граница од 6 нанограми на метар кубен. Тоа е огромно количество отров што жителите на Карпош го вдишуваат.
Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт предводена од Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираат овој огромен проблем во општината. Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат против загадувањето и сами да ги лоцираат и пријавуваат загадувачите, без никаква помош од локалната власт.
Почитувани граѓани,
Состојбата со енормното загадување е алармантна. Загадениот воздух без исклучок е закана по здравјето на сите граѓани кои живеат и работат на територијата на општината.
Затоа, по победата на изборите планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негова заштита, изградба на нови паркови и зелени површини секаде онаму каде што е изводливо, како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт. На овој начин ќе се заштити и унапреди постоечкото зеленило и ќе се лоцираат и казнат загадувачите. Гарантираме чист воздух и поголеми зелени површини за сите граѓани на Карпош.