Богоев: Лажна вест е дека ќе се градат сто нови згради во Општина Карпош

„Лажна вест е дека ќе се градат сто нови згради во Општина Карпош, пласирана од Тони Јаревски, од ВМРО-ДПМНЕ. Втора година по ред тој излегува со истите неосновани обвинувања“, реагира градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на пресот на Јаревски.

„Завршено е времето на агресивна урбанизација во Карпош. Општината ќе се развива по периферните делови, кај касарната „Илинден“, за каде што е донесен и нов ДУП, изгласан едногласно од сите советнички групи, на крајот на мината година. Обвинувањата се исти. Ист е и „медиумскиот“ извор“, додава градоначалникот.

Претходно Јаревски изјави дека, според него, СДСМ со актуелниот ребаланс уверува дека до крајот на 2018 година општина Карпош, по основ на комуналии, ќе обезбеди приход во износ од 898.700.000 денари или приближно 15 милиони евра. Тоа значи дека општината планира да издаде градежни дозволи за 168.000 метри квадратни станбен и деловен простор или за 100 нови згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e