Бајач измамил жена за 1000 евра – ветувал амајлија против магии

Ветувањето за спас на семејната хармонија се претворило во класична измама за една 42-годишна жена од Делчевско. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец кој ја убедил жртвата дека со „амајлија“ ќе ѝ ги реши сите проблеми.

​Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево го товари С.Ѓ. (61) од скопското село Сарај за кривично дело „измама“.

​Како течела измамата?

​Според истрагата, измамникот делувал во два наврати – во септември 2024 и во март 2025 година.

​„Пријавениот ја довел во заблуда оштетената, ветувајќи ѝ дека може да ѝ изработи специјална амајлија со која, наводно, ќе ги реши нејзините семејни проблеми“, велат од МВР.

​Ја наплатил „услугата“ 60.000 денари

​За својата „натприродна“ услуга, скопјанецот не барал малку. Во двата наврати тој од жената наплатил по 30.000 денари.

​Со ова, тој ја оштетил жртвата за вкупна сума од 60.000 денари (околу 1.000 евра), без да го исполни ветеното, по што случајот бил пријавен во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e