Вчера во 16:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ. од селото Крушопек, и малолетен пешак од селото Ново Село, скопско.
Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во ГОБ „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случила незгодата.
