„Ауди“ излета на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, 20-годишна девојка е тешко повредена

На 12.07.2025 околу 18.55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.С.(20) од с.Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e