СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Г. (40) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа”.
На 22.05.2025 на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта, за патничко возило „опел“ со турски национални ознаки, кое тој го управувал.