Апсење кај село Узем: Возачот возел со двојно повеќе од дозволената брзина

На 10.11 2025 во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во с.Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e