Анкета на Рејтинг: Весковски води со 10 отсто пред Зафировски

По изминати десет дена од почетокот на изборната кампања за локалните избори 2021, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош – Душко Весковски е со најголема доверба меѓу граѓаните.

Анкетата изработена од страна на агенцијата за испитување на јавното мислење и истражување на пазарот „Рејтинг“, спроведена врз 700 испитаника преку непосредно теренско истражување, покажува дека 35,7% проценти од граѓаните на Општина Карпош, ја даваат довербата на Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, предложен од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Истата анкета покажува дека кандидатот за градоначалник на Општина Карпош предложен од опозициската ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се наоѓа на второ место со 25,4% проценти доверба кај граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e