Во меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, се отвори ликовната колонија “Куманово 2017“.
Денес, претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ придружуван од дел од младите на СДММ, изврши посета на оваа колонија која се одржува по четириесет и трети пат. Инаку, учествуваат осумнаесет уметници од Македонија, Франција, Романија, Србија и претставници од збратимениот град Чорлу од Турција.
Колонијата ја организира Општина Куманово и НУ Музеј Куманово, а ќе трае до дваесет и втори август, кога и ќе биде свеченото затварање.
Александар Арсиќ е меѓу фаворитите за еден од кандидатите за градоначалник со позитивни коментари од страна на граѓаните кои го прифаќаат како освежување и квалитетен кадар во партијата. Во последниот состав на советот беше и координатор на советничката група на СДСМ . Тој е професор во средното државно училиште Киро Бурназ во Куманово, а во политиката и во СДСМ е долги години.