На 15.11.2024 во 03.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка и гранична контрола на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола. Возачката дозвола била одземена, а лицето било задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.