Организацијата Центар зa младински иницијативи од Крива Паланка, како дел од проектот Академија за проектен менаџмент (Project management academy), организираше дводневна работилница за зголемување на капацитетите на која млади луѓе од Крива Паланка имаа можност да ги научат основните вештини за решавање на локални проблеми преку проекти.
На обуката учевствуваа 21 млади на возраст од 16-30 години.
Поконкретно, она што младите го направија на обуката е мапирање на заедницата со цел да се запознаат со клучните луѓе во средината кои можат на некој начин да им помогнат како и тоа какви се можности им се на располагање.
“Изработката на SWOT анализа им помогна да сватат кои се јаките и слабите страни на младите луѓе како и кои се нивните можности и закани како надворешни фактори по што се премина на индетификување на тоа што е тоа што на младите им треба за кое бенефит ќе имаат и тие и самото општество”, изјави проектниот координатор задолжен за органиозација и спроведување на активноста, Јорданчо Миневски.
“Се дојде до идеја дека на младите во Крива Паланка им треба квалитетен социјален живот, вклучувајки и најразлични обуки од сверата на неформалното образование како и поголем број на работни места со цел да се задржат младите во средината во која што живеат после што се премина на разработка на проекти за овие два проблема”, дополни Миневски.
На крајот младите имаа шанса да разберат за програмата на европската унија, Ерасмус + и можностите кои им се нудат во делот на неформалната едукација.
Инаку за проектот Академија за проектен менаџмент има за цел да ги зголеми капацитетите на организациите за менаџирање на проекти. Проектните активности опфаќаат три тренинг курсеви во Драч и Поградец, Албанија во Октомври и Декември и тренинг во Струга кој ќе се оддржи од 1-8 Април. Покрај овие тренинг курсеви проектот има и два координациски средби на кои се договора ефективно спроведување на проектните активности. Првата средба се одржа во Тирана некаде во Септември, додека втората ќе биде веќе следниот месец во Скопје.
Од организацијата порачуваат дека веќе понатаму ќе следат нови работилници за доработка на веќе започнатите проекти.