Вистинска драма се одвивала во хотел во Куманово, каде 84-годишен маж се обидел да убие жена, напаѓајќи ја со нож во присуство на нејзиниот неподвижен сопруг.
Инцидентот се случил на 4 декември. Осомничениот искористил момент кога друг гостин влегувал во објектот за да се протне внатре и дошол до собата на жртвата. Кога жената го видела, се обидела да го спречи да влезе, но тој извадил нож и ја удрил во пределот на главата.
Трагедијата била избегната благодарение на присебноста на жртвата и нејзиниот син.
„Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот“, се наведува во обвинителскиот акт.
Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор на 84-годишниот напаѓач.
