73-годишен паланчанец повреден при работа во Скопје

На 24.01.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(73) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Гази Баба во Скопје.
Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e