Неколку лица се повредени во сообраќајката што денеска се случила на патот меѓу Кочани и Виница, информираа од Министерство за внатрешни работи. Според неофицијални информаии, едно лице загинало на лице место.
Како што соопшти МВР, денеска во 13:44 часот во СВР Штип било пријавено дека во близина на угостителски објект настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“.
Во незгодата неколку лица се здобиле со повреди и со возила на Итната медицинска помош се транспортираат во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода.
