Пукање на Бит Пазар – ова се деталите

Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e