На 22.05.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен В.Т.(23) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи во фирма на подрачјето на Карпош. Известен бил трудов инспектор.