22-годишен паланчанец ќе се соочи со пријава – возел пијан

На 12.12..2025 во 02:00 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.П.(22) од Крива Паланка. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање, против него ќе бибе поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e