21-годишник од Т`лминци со остар предмет повредил млад маж

Вчера (04.03.2024) во 08.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од с.Т`лминци, кривопаланечко. Тој се сомничи дека на 03.03.2024 во 13.30 часот во близина на Транспортен центар во Скопје со остар предмет го нападнал А.П.(24) од Скопје и му нанел повреди, констатирани Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e