19-годишник пронајден починат во стан во Битола

На 13.03.2026 година, во СВР Битола било пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, која прибрала докази и составила записник, додека во текот на истрагата присуствувале и претставници на обвинителството и други надлежни служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e