140 матуранти од Крива Паланка добија по 3 000 денари од општината

Денес со голема радост им го честитаме матурирањето на сите 140 матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“ – гордост на нашиот град! Како дел од мерката за поддршка на младите, воведена пред три години, оваа – веќе трета генерација – добива еднократна парична помош во висина од 3.000 денари, директно од буџетот на Општина Крива Паланка, како скромен придонес во пресрет на матурската прослава, соопшти денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. 
– Младите се нашиот најважен капитал. Тие се иднината што ја градиме денес, со вложување, охрабрување и почитување. Драги матуранти, среќна матура! Вашите успеси се наша заедничка гордост, наведува тој во честитката кон матурантите од Крива Паланка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e