Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Гостивар, кога автомобил удрил во 13-годишно девојче, по што возачот веднаш го напуштил местото на настанот. Несреќата се случила на улицата „Павле Аврамоски“ околу 12:30 часот.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека малолетничката се здобила со сериозни повреди.
„Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар“, информира Реџепи.
Екипа од ОВР Гостивар веќе извршила увид на местото на настанот. Полицијата презема интензивни мерки за идентификација на возилото и пронаоѓање на возачот кој го прегазил детето.
