Посна сарма со фил од компири на италијански начин (РЕЦЕПТ)

Класично подготвената сарма со мелено месо е вистински специјалитет на нашите простори, а за време на постот и посните слави се подготвува нејзината посна варијанта.

Секој кој знае да направи посна сарма си има свој рецепт. Некој филот го подготвува со ориз, сецкана зелка, зачини и праз, некои додаваат различни житарици и додатоци според вкусот, а овојпат ви предлагаме да ја направите со фил од компири.

Сармата со фил од компири има и мрсна верзија, односно во неа може да се додаде сецкана сланина или друг сувомесен производ и да биде подеднакво вкусна како и класичната, од мелено месо.

А, еве како можете да ја подготвите:

Потребни ќе ви бидат три компира, еден црвен кромид, 3 чешниња лук, еден грст ориз, една главица кисела зелка, една лажичка црвен пипер, малку бибер, сол, зачини.

Ако ја запржувате, потребно ви е масло, брашно и црвен пипер.

Подготовка:

Изрендајте ги излупените живи компири и истолчете го лукот. Кромидот ситно исецкајте го. Додадете ги зачините во смесата, а потоа и оризот. Со смесата виткајте сарми и редете ги во тенџере. Најгоре ставете неколку листови зелка и притиснете со чинија.

Налејте доволно вода за да може да се вари. Можете да ја правите на рингла или пак, во рерна, на тивко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e