Како се прави хумус – највкусниот намаз кој можете да го јадете секој ден

Хумусот е толку едноставен, а со богат вкус. Класичен арапски намаз кој првобитно се појавил во Египет, барем според записите, а сега му служи на целиот свет. Се прави од леблебии и е можеби еден од најстарите рецепти кои постојат.

Состојки:

300 гр леблебии
лук – по желба
маслиново масло
сок од еден лимон
сол
цела лажичка од паста од сусам

(Совет: Наведените мерки се за поголема количина хумус, доколку го јадете само вие, преполовете ги)

Подготовка:

Леблебиите потопете ги преку ноќ во вода, следниот ден гответе ги отприлика еден час. Кога ќе се зготвени, ставете ги во блендер и сомелете ги заедно со лукот, па потоа додајте ја пастата од сусам, сол, масло и лимон. Не ги додавајте наеднаш сите работи.

Не претерувајте со мерките, некој сака повеќе лук, некој повеќе паста. Подобро би било да додадете малку лук, отколку да го презачините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e