Филозофија на чајот: Кога е највкусен?

Чајот е најдобро да го подготвите во чајник, а најдобар вкус ќе има во порцеланска шолја. Кои се другите тајни на подготвувањето и пиењето чај?

Најдобри се чајниците од порцелан и стакло, додека пластичните и алуминиумските треба да се избегнуваат. Вксот на чајот е најдобар во порцелански или керамички шолји, како и во стаклени.

Избегнувајте ги металните и пластичните, кои може да испуштат мирис во чајот. Најдобро е да го подготвувате со сосема ладна вода која постепено се загрева.

Белиот, зелениот и жолтиот чај се подготвуваат со вода загреана на 70 степени, црниот на 95 степени, а за билните чаеви треба да биде зовриена. Листовите бел чај треба да отстојат максимум две минут, од зелениот и жолтиот три минути, а црниот чај пет минути.

Чајот од бозел е добар против настинки и грипови, лавандата помага при главоболки, маточината е одлична за подобро заспивање и има смирувачки ефект, слично како и камилицата. Чаевите од црн и бел слез се добри при респираторни заболувања.

Чајот од нане ги смирува стомачните тегоби, а мајчината душичка го подобрува имунитетот и го олеснува варењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e