Тројца гатачи од Србија измамиле жена за 80 000 евра, наводно ѝ решавале љубовни проблеми

Полицијата во Макарска на надзорникот на притворот му предала тројца српски државјани осомничени дека оштетиле 32-годишна жена за повеќе од 80.000 евра, со ветување дека ќе и ги реши „љубовните проблеми“, извести во четвртокот сплитско-далматинската полиција.

Измамата била извршена преку видео повици.
Како што се наведува во соопштението, кривичната истрага е завршена против 20-годишна жена, 36-годишна жена и 38-годишен маж, сите државјани на Србија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело измама.

Тие се осомничени дека од јуни до август 2024 година секојдневно преку видео повици комуницирале со оштетената 32-годишна жена, ветувајќи и дека ќе и ги решат љубовните проблеми, а за возврат барале пари и накит. На тој начин ја оштетиле 32-годишната жена за сума од над 80 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e