Кога ќе замолчиме за Турција, тие ќе нѐ прашаат за Македонија

Утре еден ден, кога никој веќе нема да оди во Турција, ќе им раскажуваме на нашите деца колку прекрасна земја беше таа во нашето време. Колку убаво си поминувавме во неа, како заглавувавме до сабајле на некои од најдобрите забави на кои сме биле во животот, како седевме опуштено среде ноќ во истанбулските кафиќи, како шетавме слободно по неговите улици и дење и ноќе, како дишевме со полни гради покрај Босфорот, како останувавме без здив покрај Аја Софија и Сината Џамија…

Кога ќе замолчиме, тие ќе нѐ прашаат за Македонија.

Ние ќе им кажеме дека на Македонија ѝ се случи истото што ѝ се случи на Турција, неколку години подоцна. Дека тогаш веќе бевме уморни од долгата борба. Дека станавме апатични и депресивни. Дека се разочаравме заради малите шанси работите да се променат. Дека решивме да си заминеме, за да им обезбедиме подобар живот на нив.

Не сакаме да ни се случи ова! Затоа, периодов мораме да преземеме поодлучни и похрабри чекори.

Фејсбук статус на Бранимир Јованович, граѓански активист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e