(ВИДЕО) Хаос на избор за мис: Ѝ ја одземале круната од главата, победничката завршила во болница

Убавицата Пушпика де Силва ја освоила титулата Мис Шри Ланка, но неколку моменти подоцна сè се променило.

Добитничката на најголемата награда на изборот за мис во Шри Ланка се здобила со повреди на главата откако избил непријатен момент на сцената.

Пушпика де Силва ја освоила титулата најубава девојка на Шри Ланка, а церемонијата била пренесувана на националната телевизија.

Неколку моменти подоцна, победничката во 2019 година, Каролин Џури, ѝ се приближила и ѝ ја одзела круната од главата, тврдејќи дека не може да ја носи титулата затоа што била разведена.

Каролин Џури ѝ ја одземала круната од главата, цитирајќи го правилото на натпреварот дека учесниците мора да бидат во брак и не смеат да бидат разведени.

– Постои правило што спречува жените кои веќе се венчале и се развеле да ја добијат титулата, па затоа преземам чекори круната да ја преместам на друго место – рекла г-ѓа Јури пред присутните.

Потоа ја ставила круната на главата на првата придружба, по што Де Силва заплакала и истрчала од сцената, пренесува Би-би-си.

Сепак, сè решиле организаторите, кои ѝ ја вратиле круната на Де Силва, откако потврдиле дека не е разведена.

Тие ѝ се извиниле за инцидентот, изјавувајќи дека Де Силва бил разделена, но не и разведена.

Де Силва преку објава на Фејсбук напиша дека отишла во болница поради повреда на главата што ја претрпела за време на инцидентот.

Таа рече дека ќе преземе правни активности поради „неразумниот и навредливиот“ начин на кој била третирана.

Натпреварот за убавина Мис Шри Ланка ворлд е голем настан во земјата, а меѓу гостите на церемонијата била и сопругата на премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e