Иако за љубителите на театарската уметност и претходно не беше анонимна, особено за помладата публика како професионален актер во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје, пошироката јавност сепак ја запозна дури по емитувањето на третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, кога се појави во ликот на собарката Исаура, која му стана голема љубов на рецепционерот Талат.
Актерката Емра Куртишова со оваа улога преку ноќ ја освои публиката, па како еден од познатите и популарни ликови во „Преспав“ стана етаблирана актерска ТВ ѕвезда за која јавноста и медиумите почнаа се повеќе да се интересираат и почесто да ја третираат. Порталите на своите насловници, ТВ емисиите како гостинка во нивните најнови изданија, Јутјуб просторот и подкастерите исто така неретко ја седнуваат пред камерите…
Исклучок не направи ниту најстариот и најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“ кој во интервју пред камерата ја седна актерката за која се повеќе гласно се зборува. Особено по уште едно маестрално остварување, овој пат регионално и на големото платно, откако одлично ја одигра улогата на мајката на починатата естрадна ѕвезда Џеј Рамадановски, во неговиот автобиографски филм „Недеља“, чија премиера се прикажува и во Македонија.
Како што по некое непишано правило убавите случки се случуват случајно, така и Емра станала дел од актерската екипа на филмот за животот на Џеј. Како ја добила улогата, дали знаела воопшто нешто за животот на пејачот претходно, кој и помогнал во снимањето на пробното домашно кастинг видео, како течел процесот на градењето на улогата…
За свадбата, бременоста, загубата на таткото непосредно по стапувањето во брак, за поврзаноста со него и последните денови и мигови пред тој да замине од овој свет, за болката кога додека била бремена сфатила дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка…