Серена: Гугл ѝ открил тајни од минатото на момчето

Тенисерката Серена Вилијамс изјави дека не знаела оти нејзиното тогашно момче Алексис Оханијан, а денес сопруг, има дете од претходен брак. Тие биле шест месеци во брак, кога Серена се обидела преку Гугл да дознае повеќе за бизнисменот и еден од основачите на сајтот  Reddit и имала што да види. Имено таа останала шокирана кога интернет пребарувачот ѝ открил дека тој има дете од претходниот брак.
Двојката се сврши кон крајот на 2016 година, а ќерката Алескис Олимпија им се роди во септември 2017 година, два месеца по свадбата. Во едно интервју за американските медиуми спортиската откри дека не е едноставно да си во брак со бизнисмен.
– Јас сум спортистка, а тој бизнисмен. Ја сум Афроамериканка, тој е белец. Тотално сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини – вели таа и додава дека не верувал оти ќе се омажи за маж со друга боја на кожата.
– Никогаш порано не би рекла дека ќе се омажам за белец, но тоа само ви покажува дека љубовта не знае за боја и предрасуди. Едноставно, љубовта е таква, само се случува – призна.
Моментално тенисерката се фокусира на тенисот со кој вели дека ќе се занимава до крајот на својот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e