Лечењето ѝ ги одзеде говорот и видот: Како Мари од Roxette ја откри ужасната дијагноза?

Мари Фредериксон денеска почина по долгогодишна битка со туморот на мозокот, на 61-годишна возраст. Оваа вест ја растажи шведската и светската јавност.

Првпат оваа сурова болест ѝ била дијагностицирана во септември 2002 година. Мари се вратила од утринското трчање, по што почувствувала вртоглавица. Потоа се онесвестила и ја удрила главата во мијалникот.

Кога се разбудила, веќе била сместена во болница, каде ѝ ги кажале страшните вести. Потоа следувале неколку циклуси терапија и операции. Во 2016 Roxette се обединија за нова турнеја, но се врати и суровата болест.

Тогаш лекарите ѝ советувале да ги откаже настапите, а со обожавателите Мари се прости преку Фејсбук:

„Беа фантастични 30 години. Кога ќе се сетам на почетоците, чувствувам само радост и среќа. Сите тие настапи и спомени се голем дел од мојот живот. Благодарна сум што и покрај болеста, неколкупати успеав да пеам повторно. За жал, морам да соопштам дека моите турнеи веќе завршија. Се заблагодарувам на сите обожаватели.“

Долгогодишното лечење ѝ направи на Мари проблеми со видот, со моторичките функции, па дури и со зборувањето. Нејзината борба беше долга и тешка, а за жал, ја изгуби на 9 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ