Инфлуенсерка која руши табуа: „Имам 33 години и сѐ уште сум девица“

Кога имала 32 години, Алора Денон Кембел се срамела да признае дека „подоцна процветала“ кога се во прашање романтичните врски и дека сè уште е девица, која не само што немала прва врска, туку и немала ни прв бакнеж, пишува „Њујорк пост“.

„Беше голем срам. Општеството прави сѐ за да почувствувате дека треба да се срамите и дека нешто не е во ред со вас“, изјавила тогаш таа за медиумите.

Затоа денес, една година подоцна, таа била пресреќна кога слушнала дека актерката Ребел Вилсон (44) ја споделила информацијата дека ја изгубила невиноста дури на 35 години. Вилсон го откри тоа во своите мемоари, кои наскоро ќе бидат објавени, велејќи дека често лажела дека ја изгубила невиноста за да го избегне впечатокот дека е „најголемиот губитник“.

„Луѓето мислат дека ако не си ја изгубил невиноста на одредена возраст, ако не си бил во врска или ако си немал личност која лудувала по тебе, дека си некакво чудовиште. Сите ќе мислат дека нешто не е во ред со тебе“, вели Кембел.

„Постои овој неправеден контекст дека оние што ‘подоцна процветале’ се мизерни, иако всушност само го истражувале животот на поинаков начин. На крајот на краиштата, Ребел живее извонреден живот и ова признание е само мал дел од тоа која е таа“, додава таа.

Кембел вели дека не избегнувала секс и врски, едноставно тоа не ѝ се случило.

„Се сведе на тоа дека навистина бев фокусирана да го живеам својот живот и дека никој не ми се пушташе. Така, се концентрирав на работи за кои знам дека ми носат радост, односно ја вложив мојата енергија во правење работи за кои знаев дека ќе ми донесат благосостојба, објасни таа.

Како што минувале годините, Кембел почнала да чувствува дека ја запоставува романсата во нејзиниот живот, додека срамот полека ѝ се натрупувал. На крајот, таа потполно го запоставила својот романтичен живот, убедена дека засекогаш ќе остане сама со својата тајна. Но, кога отворила сметка на ТикТок за време на пандемијата, за малку да се забавува, видела дека не е единствената, односно наишла на жени кои биле девици, па дури и постари од неа.

„Првпат слушнав некој гласно да го признае тоа животно искуство и бев апсолутно шокирана. Дотогаш мислев дека сум единствената на планетава“, изјавила таа.

Откако стапила во контакт со неколку други жени, кои исто така биле девици, таа решила да си даде предизвик – да оди на осум состаноци до Велигден 2023 година, Кембел ја објави својата тајна во јавноста, споделувајќи ја со 50-те следбеници на ТикТок што ги имала во тоа време. Иако не очекувала успех, тоа видео стана вирално и имаше многу позитивни реакции.

Денон сега има околу 37.000 следбеници и ги ажурира за тоа како се справува со фактот дека сè уште е девица на „30 плус“. Попатно, таа ја започна фејсбук-групата „Оние кои цветаат подоцна: водич за преживување“ („Late Bloomers: Survival Guide“), која има речиси 2.000 членови кои бараат совети и споделуваат приказни за нивните искуства, поточно недостаток на искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e