Бурниот живот на капитенот на српската репрезентација: Љубовницата му родила син, а тој ѝ се вратил на сопругата

Капитенот на српската фудбалска репрезентација веќе со години е тема на српските таблоиди. Александар Коларов е во брак со Весна Коларов и имаат две деца, но со години ја имал и љубовницата Кристина, за која пишувале и британските таблоиди за времето додека играл во Манчестер Сити.

Коларов, наведуваат српските медиуми, осум години бил во паралелна врска со Весна и Кристина, а љубовницата пред три години му родила син. Нивната приказна започнала како авантура, но Коларов наводно се заљубил во неа, па и плаќал и стан за да можат полесно да се гледаат.

13385645_1927839990775622_2105658424_n

Сопругата неколку пати го напуштала, но секогаш му се враќала. Откако Кристина го родила синот, Коларов и неговото семејство не сакале да зборуваат за детето, но фудбалерот го признал.

Подоцна било откриено дека Коларов ја напуштил љубовницата додека била бремена, но на детето сепак му го дал презимето. Коларов, наводно, не сакал да ја прокоцка новата шанса која му да ја дала сопругата, па ја оставил својата љубовница.

Кристина денес е самохрана мајка, а повремено на Инстаграм објавува фотографии со бебето. Коларов никогаш јавно не зборувал на оваа тема, а неговата сопруга Весна ги избегнува новинарите. Eве како изгледа Кристина!

35355352_1762964683797799_1193549275296956416_n

33307505_2097165890310883_4693488592612229120_n

35479651_614346585625122_2345768007290060800_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e