(ВИДЕО) ABBA ја објави третата нумера од новиот албум

Љубителите на култната шведска група можат да ја слушнат и третата песна од албумот кој групата ќе го издаде по 40 години.

Со едноставен видео запис ABBA ја пушти во етер новата нумера наречена „Just A Notion“ која е трета од новиот албум „Voyage“ која ѝ е достапна на јавноста.

Интересно, оваа песна била снимена уште во септември 1978 година, но тогаш било одлучено да се исфрли од албумот „Voulez-Vous“ објавен наредната 1979 година. Бјорн Улвеус, кој го напишал текстот, вели тоа било голема грешка.

„Зошто сме одлучиле да ја исфрлиме? Појма немам… Добра песна е со добри вокали. Знам дека му ја пуштавме на издавач во Фрнација и на уште неколкумина наши повереници и колку што се сеќавам на сите им се допадна. Така да останува мистерија зошто не беше објавена“, вели текстописецот на песната.

Нумерата ги вклучува оригналните вокали на четирите члена од 1978, со додадени тапани и гитари.

Последниот албум на ABBA излезе во 1981 година под наслов „The Visitors“. Точно 40 години подоцна, на 5 ноември се очекува најновиот албум „Voyage“. Сите 10 песни од новиот албум се напишани од Бјорн Улвеус и Бени Андерсон. Покрај нив двајца, кои имата по 76 и 74 години, во ABBA членуваат уште и Ањета Фалтскуг (71) и Ани-Фрид Лињстад (75).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e