Советот на општина Маврово и Ростуше донесе одлука за добивање согласност за настава со физичко присуство на учениците

Советот на Општина Маврово и Ростуше денеска ја одржа 45-та седница, на барање на директорите на општинските основни и средното училиште,во однос на начинот на одржување на наставата во учебната 2020/2021 година.

На оваа проширена седница на која присуствуваа и членовите на Кризниот штаб за справување со пандемијата со Ковид-19, со кој раководи градоначалникот Медат Куртовски, разменети се мислења и ставови околу ова актуелно прашање.

Како што беше речено четирите основни училишта и гимназијата „Маврово-Ростуше“ претходно ги обезбедиле сите неопходни услови и сите училишта се целосно подготвени за оддржување настава со физичко присуство на учениците.

Беше кажано дека имаат добиено позитивни мислења за условите во училишните објекти од страна на Државниот просветен инспекторат и Државниот санитарен инспекторат.

Советот донесе одлука за добивање согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство на учениците во СОУ „Маврово – Ростуше“ во Ростуше и општинските основни училишта „Блаже Конески“ во Скудриње „Денче Дејаноски“ во Маврово „Хајан Селмани“ во Ростуше и „Јосип Броз Тито“ во Жировница, со нивните подрачни училишта.

Во основните и средното училиште во оваа општина настава треба да следат околу 700 ученици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e