Спасовски: Владата е тука да направи сѐ за заштита на здравјето на граѓаните

Сите одлуки на Владата за заштита на здравјето се според предлозите на Комисијата за заразни болести и нивните анализи, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на Сител.

Постои опција за полициски час, но мерките за заштита мора да бидат димензионирани според определената ситуација. Според оние анализи во Комисијата, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, се намалува преносот на вирусот, и тоа ќе се почувствува повеќе во наредните денови. Ако бројот на заболени расте, ќе имаме и порестриктивни мерки, иако никој не го сака тоа. Едно да се знае, Владата е тука да направи сѐ за да се заштити животот и здравјето на граѓаните“, посочи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e