Петровска ќе поднесе иницијатива за промена на Деловникот за мнозинството во Комисијата за надзор на работата на АНБ да ѝ припадне на опозицијата

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска денеска најави дека таа по координација со својата пратеничка група, ќе поднесе иницијатива за измени на Деловникот за работата на Собранието, во делот на распределба на членовите во Комисијата за надзор на работата на безбедносните служби.

Според неа, мнозинството во оваа комисија треба да го сочинуваат пратеници од опозициските партии.

„Несфталиво е во комисијата која треба да врши надзор на работата на безбедносните служби, мнозинството да го има парламентарното мнозинство. Во координација со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, јас ќе иницирам промена на Деловникот, затоа што ако сакаме да направиме вистински надзор еднаш за секогаш во оваа држава, тогаш треба да се договориме за демократските принципи“ рече Петровска.

Претходно Петровска реагираше за текот на денешната седница на Комисијата и спречувањето на дискусија за поставувањето на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски.

„Она што го видовме денес е чист доказ дека власта избегнува соочување со јавноста,“ изјави Петровска, посочувајќи дека злоупотребата на мнозинството спречила дискусија за прашања од интерес за домашната и меѓународната јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e