Пенчиќ: Mора да се воведе сертификат за „зелени згради, зелено градење и зелени градежни материјали“

Ако една мерна станица чини 250 000 евра, тогаш колку чини човековиот живот?! Темата за аерозагадувањето во главниот град повторно актуелна, овој пат многу порано пред почетокот на грејната сезона, поради што се наметнува тезата дека, не само климатските поместувања, сообраќајот и фабричките оџаци, туку значен удел во овој проблем има и градежниот сектор.

Додека надлежните се фалат со садење на дрва и ослободување на зелени површини, скопјани се жалат дека на територијата на главниот град новите градби никнуваат како печури по дожд,

Пред само неколку дена Националниот совет за одржлив развој во рамки на расправата за „Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија“  го промовираше Зелениот климатски фонд како нов партнер за финансирање на инвестиции на државата во „зелен” развој, односно развој со ниско ниво на емисии и отпорност кон климатските промени. Останува времето да покаже колку засегнатите страни се подготвени да ја донесат и во Скопје, но и во останатите загадени градови во земјава, праксата за „зелени“ згради и „зелено“ градење како и „зелени“ градежни материјали.

За уделот на градежниот сектор во аерозагадувањето разговаравме со Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје.

На прагот на зимската сезона повторно се актуелизира прашањето за аерозагадувањето. Каков е уделот на градежниот сектор во загадувањето на воздухот конкретно во Скопје?

-Уделот на градежниот сектор глобално се смета дека е 23% за аерозагадувањето, 50% за климатските промени, 40% за водата за пиење и 50% за отпадот. Би можеле да претпоставиме дека овие податоци важат и кај нас. Во Скопје тоа секојдневно се докажува и загадувањето може да се класифицира како: создавање прашина при ископи и во текот на градењето од употреба на градежните материјали; загадување од тешката механизација која се движи низ градот; фабриките кои произведуваат градежни материјали (на пример како Цементарата Усје); каменоломите во близина на Скопје (на пример Бањани); па се до загадувањата од испарувањата кои настануваат од вградените градежни материјали во текот на траење на објектите.

Според Вас, дали новите градби во Скопје го узрупираат просторот предвиден за зеленило и дали го поречуваат струењето на воздухот?

-Интензивното градење и искористување на секое слободно парче во градот, многу често е на сметка на зеленилото. Има случаи на нереализирани, а предвидени зелени површини, кои на многумина им се чинат дека се напуштено и неискористено градежно земјиште. Има случаи на површини што се водат на РМ и немаат сопственик и тие лесно се отуѓуваат и се користат за окрупнување и дооформување на парцели за интензивна градба, наместо да се искористат за задоволување на пропишаните норми за зеленило и игралишта. Секако и дека енромното зголемување на габаритите и висините на новите објекти, во однос на постоечките, а уште повеќе неводејќи сметка за правците на воздухот, на годишните врмеиња, на условите за осончување и проветрување, допринесуваат за влошената состојба. Урбанистичката струка се откажала од своето знаење и веќе не се замара со основните принципи, научени за време на студии, за позиционирање на намените, на градбите, за ружата на ветрови за минималните услови за природно осончување, осветлување и проветрување.

Оваа состојба доведува и до проблеми во другите области, што ни се чинат дека не се проблем на урбанизмот, а тоа е дека кога се форсираат објекти во кои треба дополнително да се употребуваат клима уреди, вештачка вентилација и различни начини на греење, вештачко осветлување, тоа сето допринесува за промена на микроклимата. На пример проблемот со климауредите е дека тие ладат внатре но затоплуваат надвор. Таков е случајот со ТЦ Беверли хилс. Уште повеќе овие уреди користат енергија која најчесто е необновлива и нејзиното создавање дополнително го загадува воздухот и околината. Има многу слични примери и градежниот сектор во многу сегменти допринесува за загадена животна средина.

Кои мерки треба да ги превземат надлежните во однос на намалување на штетите од градбите во главниот град?

-Дефинитивно мора да се воведе сертификат за „зелени“ згради и „зелено“ градење и „зелени“ градежни материјали. Ова никако не значи дека ќе се сади зеленило, туку ќе се има увид во целокупниот циклус на градежниот сектор да биде незагадувачки во никој сегмент и тоа од експлоатација на суровини, до производство на материјалите, до нивни транспорт, нивно вградување, градењето како дејност, итн. Дополнително урбанизмот и урбанистичкот планирање да стане посериозно сфатена дејност и да сноси одговорност за она што долгорочно го поттикнува. Урбанистичкот планирање не е само редење површини за градба и поставување улици!

Во однос на реновирање на зградите кон енергетски ефикасни и поекономичното и попрактино осветлување со лед светилки, до каде е нашето општетство по ова прашање?

-Тоа е уште едена голема заблуда и кај нас дополнително се однесува само на еден мал сегмент. А состојбата е застрашувачка уште повеќе бидејќи сите сфатија дека тоа е една пресметка која решава сè, но не е така. Обезбедувањето на енргетската ефикасност е похолистички процес и тој е како што кажав погоре започнува од самото обезбедување на суровини и изборот на суровини, до одржувањето на градбите, па и кога им завршува нивниот процес и се рушат. За лед светилките се појавуваат се повеќе научни трудови дека тие пак прават друга штета. Така да треба посериозен пристап од само заменување на светилки.

Х.Н.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e