Левица правеше циркуз на прославата на 11 Октомври на Могила, никој од присутните не им обрна внимание

Членови на политичката партија Левица со циркуз се обидоа да испровоцираат инцидент за време на одебележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание на меморијалниот компелкс „Могила на непобедените“ во Прилеп.

Десетина партиски активисти на оваа партија застанаа пред споменикот и го попречуваа патот на државните делегации и останатите граѓани кои пристигнаа во Могила да положат цвеќе и оддадат почит на народните херои по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.

Никој од присутните граѓани и државни делегации не им обрнаа поголемо внимание на провокаторите кои за политички цели кои окупираа простор посветен на хероите на оваа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e