Јовановиќ: Ми се допаѓа што премиерот не сака да ги наруши односите со Бугарија

За мој вкус изјавата на БАН е провокативна, но сепак денес во светот доминантен е англискиот јазик, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Со самото тоа малите национални јазици слабо можат да се конкурираат со тие наративи и единствената работа околу која ќе може да се кошкаме со соседите е јазикот. Ми се допаѓа изјавата на премиерот што не оди против бугарскиот народ и не сака да ги наруши односите со Бугарија, со која имаме договор за добрососедство. Ова е чисто политички став, но тоа мора да се реши бидејќи сепак имаме добрососедски односи со Бугарија, рече Јовановиќ.

Според аналитичарот Сотир Костов, целта на БАН е злобна, лоша.

„Со тие луѓе потпишавме договор за соработка. За разлика до мојот соговорник и премиерот Заев, на нож ќе ја пречекам оваа изјава. Станува збор за нееднаков однос, тоа не е добрососедство. Предупредувавме дека тие прво треба да се извинат, но нас не направија националисти, не е точно. Го почитувам бугарскиот народ, но бугарската политика ни случајно. Ако ми го земеш јазикот, значи не постои. Они сакаат да дојдат во нивниот сон, балканскиот Ерусалим, Охрид го сакаат“, вели Костов.

Јовановиќ додава дека можела државата да ја нападне Бугарија, но сепак има доминантни струи кои се за соживот.

„Заради вакви провокации кои доаѓаат од опозицијата, во огромна мера граѓаните си заминаа од државата пред се поради таквиот однос на опозицијата, наративи кои се етноцентрични и засмрдени поприлично, рече тој.

Сотир Костов пак, вели дека во Бугарската академија на науките се „интелектуални џуџиња“, но и дека тие се заостанати зад нас многу години. Вели, македонскиот јазик нема да го земат никогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e