Скопјанка дала 1,3 милиони денари на лажен лекар за да ја оперира ќерка ѝ

Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15.30 часот била измамена од едно машко лице за сума од околу 1.300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и требало да прави операција, а за тоа требало да се плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e