Над 60 санкции за еден час во Крива Паланка и Кратово

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Крива Паланка и Кратово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Крива Паланка. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Крива Паланка и Кратово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Крива Паланка и Кратово се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e