IPortal https://iportal.mk Информативен портал Fri, 27 Feb 2026 10:03:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.5.32 https://iportal.mk/wp-content/uploads/2016/08/favico_iportal.jpg IPortal https://iportal.mk 32 32 „Ја следеше, пријавувавме во полиција“ – таткото открива морничави детали за смртта на 35-годишната Марија https://iportal.mk/makedonija/ja-sledeshe-prijavuvavme-vo-policija-tatkoto-otkriva-mornichavi-detali-za-smrtta-na-35-godishnata-marija/ Fri, 27 Feb 2026 10:03:19 +0000 https://iportal.mk/?p=351662

Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, Зоран Маринковски, чие тело беше ексхумирано поради сомнежи во причините за смртта, тврди дека неговата ќерка претходно пријавувала дека осомничениот Т.Б. ја следи и вознемирува,

The post „Ја следеше, пријавувавме во полиција“ – таткото открива морничави детали за смртта на 35-годишната Марија appeared first on IPortal.

]]>

Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, Зоран Маринковски, чие тело беше ексхумирано поради сомнежи во причините за смртта, тврди дека неговата ќерка претходно пријавувала дека осомничениот Т.Б. ја следи и вознемирува, а семејството за тоа ја известило полицијата.

Во изјава пренесена од Радио Бум, Маринковски раскажува дека во последниот телефонски разговор со братот, Марија му рекла дека некој ѝ тропа на вратата и дека се плаши. Неколку дена подоцна, семејството било известено дека таа починала, а првичните информации укажувале на природна смрт.

Семејството во почетокот верувало дека станува збор за здравствени компликации. Но, по појавените сомнежи и развојот на истрагата, надлежните институции наредиле ексхумација 40 дена по погребот. Обдукцијата, како што информира семејството, утврдила дека смртта била насилна.

Таткото изнесува детали за состојбата во која била пронајдена Марија. Според неговите зборови, горниот дел од телото ѝ бил покриен со јамболија, додека долниот дел бил без облека. Тој вели дека и полицијата и лекарите на денот на смртта извршиле проверки на телото. Маринковски се сомнева дека неговата ќерка била задушена со јамболијата.

Марија живеела во Старо Нагоричане кај својот вујко, каде што со братучедот се занимавале со земјоделство. Пред неколку години, таа работела како овчарка во семејството на осомничениот.

Според таткото, Марија повеќепати им кажувала на родителите дека Т.Б. ја следи и ѝ додева. Тој случајот го пријавил во кумановската полиција, но му било посочено дека пријавата треба да ја поднесе лично Марија во полициската станица во Старо Нагоричане, што таа и го сторила. По пријавата, полицајците отишле во домот на осомничениот, но тој не бил пронајден.

Осомничениот Т.Б. се сомничи за повеќе убиства на жени и беше уапсен по убиството на 78-годишна жена во селото Челопек. Истрагата за сите случаи е во тек, а надлежните институции најавуваат целосно расчистување на настаните.

The post „Ја следеше, пријавувавме во полиција“ – таткото открива морничави детали за смртта на 35-годишната Марија appeared first on IPortal.

]]>
Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд https://iportal.mk/makedonija/petok-e-neraboten-den-za-site-gragjani-doagja-prodolzhen-vikend/ Fri, 27 Feb 2026 09:16:09 +0000 https://iportal.mk/?p=351659

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови

The post Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд appeared first on IPortal.

]]>

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.

За сите граѓани на РСМ
Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани:

1 јануари (четврток) – Нова Година
7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд)
13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд)
1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд)
25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд)
3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд)
8 септември (вторник) – Ден на независноста
12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
За граѓаните од православна вероисповед
Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) (Продолжен викенд)
10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)
29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд)
28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)
За граѓаните од муслиманска вероисповед
27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните од католичка вероисповед
6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

The post Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд appeared first on IPortal.

]]>
Овие намирници не се посни, а верниците упорно грешат и ги јадат https://iportal.mk/zdravje/ovie-namirnici-ne-se-posni-vernicite-uporno-greshat-gi-jadat/ Fri, 27 Feb 2026 07:59:06 +0000 https://iportal.mk/?p=342287

Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло. Денес, кога имаме шницли

The post Овие намирници не се посни, а верниците упорно грешат и ги јадат appeared first on IPortal.

]]>

Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло.

Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем…постот станува речиси незабележлив.

И вистина е дека верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се покажало дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.

Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин. Посно е само сирењето од соја.

Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло. Истото важи и за гумените и желе-бомбоните.

Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.

Не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата.

Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни.

The post Овие намирници не се посни, а верниците упорно грешат и ги јадат appeared first on IPortal.

]]>
Бугарски европратеник: Со жалење кажувам дека процесот на преговори на Македонија со ЕУ може да трае и 120 години https://iportal.mk/makedonija/bugarski-evropratenik-zhalenje-kazhuvam-deka-procesot-na-pregovori-na-makedonija-eu-mozhe-da-trae-120-godini/ Fri, 27 Feb 2026 07:29:45 +0000 https://iportal.mk/?p=351656

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц вчера изрази надеж дека властите во Скопјe нема да ја пропуштат можноста да постигнат напредок во преговорите за пристапување во ЕУ. Вајц

The post Бугарски европратеник: Со жалење кажувам дека процесот на преговори на Македонија со ЕУ може да трае и 120 години appeared first on IPortal.

]]>

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц вчера изрази надеж дека властите во Скопјe нема да ја пропуштат можноста да постигнат напредок во преговорите за пристапување во ЕУ. Вајц презентираше резиме од својот предлог за новиот годишен извештај на ЕП за РСМ, чија содржина почна да се дискутира во парламентарниот комитет за надворешни работи.

Во дебата се приклучиле и бугарски европратеници. Станислав Стојанов од партијата Преродба истакна дека луѓето во Македонија чекале доволно долго, но политичката елита не изгледа уморна и одбива да ги исполни преземените обврски.

-Со ова темпо, го кажувам ова со жалење, процесот на преговори може да трае не 20, туку 120 години, рекол Стојанов.

Според него, главните обврски поврзани со промените во уставот остануваат неисполнети, недостасува политичка волја за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Од друга страна, европратеникот Ивајло Валчев од групата Има таков народ изјавил дека народот во Македонија е секако уморен, но властите во Скопје продолжуваат со својата политика на барање надворешен непријател со цел да ги отстранат домашните политички проблеми.

-Особено загрижувачки се јавните изјави на премиерот Мицкоски, кои често ја интензивираат конфронтациската реторика, како кон опозицијата и медиумите кои се критични кон него, така и кон соседните земји и ЕУ, додал Валчев.

-Таквата реторика го поткопува фундаменталниот дух на добрососедство, истакнал тој.

-Недостасуваат конечни пресуди за борба против корупцијата на највисоките нивоа на власта, што создава чувство на неказнивост и ја поткопува довербата во државата. Оние на власт создаваат вештачки проблеми поврзани со таканаречениот „идентитет“ и зад овој параван го попречуваат напредокот во процесот на преговори, порачал Валчев.

Европарламентарците согласни дека Македонија е премногу долго во чекалницата на ЕУ, а граѓаните се изморени. Дел се на став оти земјата има направено голем исчекор во реформите со јавната администрација, но напорите се недоволни во владеење на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите. Некои сметаат и дека ЕУ треба да разбере дека балканот е дел од Европа и ако не се интегрира, Европа ќе се соочи со економски и безбедносни проблеми.

До 6-ти март европратениците може да поднесат амандмани на Нацрт-извештајот за Македонија, гласањето во Европскиот парламент е закажано за 5-ти мај.

The post Бугарски европратеник: Со жалење кажувам дека процесот на преговори на Македонија со ЕУ може да трае и 120 години appeared first on IPortal.

]]>
Тага во домот на познатиот актер – со емотивна порака се прости од татко си https://iportal.mk/scena/taga-vo-domot-na-poznatiot-akter-emotivna-poraka-se-prosti-od-tatko-si/ Fri, 27 Feb 2026 07:27:30 +0000 https://iportal.mk/?p=351653

Македонскиот актер Васил Зафирчев преку социјалните мрежи сподели тажна вест – починал неговиот татко, Трајче Зафирчев. Во емотивна објава, актерот се прости со зборови исполнети со болка, љубов и благодарност.

The post Тага во домот на познатиот актер – со емотивна порака се прости од татко си appeared first on IPortal.

]]>

Македонскиот актер Васил Зафирчев преку социјалните мрежи сподели тажна вест – починал неговиот татко, Трајче Зафирчев.

Во емотивна објава, актерот се прости со зборови исполнети со болка, љубов и благодарност. Тој напиша дека најмногу боли времето што не успеале да го поминат заедно, пропуштените мигови и неискажаните зборови, кои останале поради честите патувања и професионалните обврски и на двајцата.

Зафирчев посочи дека, иако разделбата е тешка, спомените и љубовта што ги делеле остануваат засекогаш. Според неговите зборови, токму тие моменти ќе продолжат да живеат во него како дел од наследството што татко му му го оставил.

Трајче Зафирчев починал по кратко и тешко боледување. Веста предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од пријатели, колеги и следбеници на актерот, кои му испратија поддршка во овие тешки моменти.

Загубата на родител е болка што тешко се опишува со зборови, а искрената објава на актерот допре до многумина. Неговата порака беше потсетник колку се важни времето и присуството со најблиските – нешто што често го сфаќаме дури кога ќе биде предоцна.

The post Тага во домот на познатиот актер – со емотивна порака се прости од татко си appeared first on IPortal.

]]>
Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња! https://iportal.mk/makedonija/trendafilov-za-4tv-mk-sledat-povekje-od-edna-godina-isti-lica-mi-gi-prislushuvaa-razgovorite-po-kafulinja/ Fri, 27 Feb 2026 07:12:56 +0000 https://iportal.mk/?p=351650

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за

The post Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња! appeared first on IPortal.

]]>

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за повисоки работнички плати. Иако случајот е веќе во рацете на МВР и Обвинителството, Трендафилов посочи дека се обезбедени видеодокази кои набрзо треба да донесат разрешница.

„Ова не е случај од еден ден, ова трае повеќе од една година, објави 4news.mk Кога ќе излезете на кафе и до вас постојано седнува истото лице да ви го прислушува разговорот, тешко е да верувате во случајности. Скандалозно е што се злоупотребуваат државни ресурси за да се замолчат синдикални лидери само затоа што бараат достоинствен живот за работниците“, истакна Трендафилов.

Тој додаде дека нападите не биле само лични, туку се одело дотаму да се вршат упади во синдикатите и да се упатуваат директни закани кон неговото семејство и децата. Според него, минатата година власта се обидела на сила да создаде „послушен“ репрезентативен синдикат, наградувајќи ги неговите лидери со функции во управни одбори затоа што одбиле да излезат на протести со работниците.

„Пробаа да нè нападнат како колектив, пробаа да нè заплашат преку нашите најмили, но тоа нема да нè обесхрабри. Јас не барам зголемување на мојата плата, туку барам секој работник да го добие она што го заслужил за своето семејство. Сите обиди да нè скршат се безуспешни“, порача првиот човек на ССМ.

Трендафилов заклучи дека борбата за работничките права продолжува со уште поголем интензитет, без оглед на методите што се користат за негова дискредитација и замолчување.

The post Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња! appeared first on IPortal.

]]>
Кривична за „насилство“ за двајца паланчани https://iportal.mk/lokalno/krivichna-za-nasilstvo-za-dvajca-palanchani/ Thu, 26 Feb 2026 14:01:45 +0000 https://iportal.mk/?p=351648

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Г.(38) и Ј.Г.(35), дваjцата од с.Баштево, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.12.2025 на место викано „Чатал“, кратовско,

The post Кривична за „насилство“ за двајца паланчани appeared first on IPortal.

]]>

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Г.(38) и Ј.Г.(35), дваjцата од с.Баштево, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 26.12.2025 на место викано „Чатал“, кратовско, по претходна расправија, физички го нападнале Д.П..

The post Кривична за „насилство“ за двајца паланчани appeared first on IPortal.

]]>
Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено https://iportal.mk/lokalno/policaec-koj-go-obezbeduva-sobranieto-vozel-bez-da-ima-polozheno/ Thu, 26 Feb 2026 13:13:46 +0000 https://iportal.mk/?p=351646

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за

The post Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено appeared first on IPortal.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

The post Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено appeared first on IPortal.

]]>
Уапсена 27-годишната Јулијана, ги попречувала вработените во АХВ да работат https://iportal.mk/lokalno/uapsena-27-godishnata-julijana-gi-poprechuvala-vrabotenite-vo-ahv-da-rabotat/ Thu, 26 Feb 2026 12:44:31 +0000 https://iportal.mk/?p=351643

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и

The post Уапсена 27-годишната Јулијана, ги попречувала вработените во АХВ да работат appeared first on IPortal.

]]>

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсена 27-годишната Јулијана, ги попречувала вработените во АХВ да работат appeared first on IPortal.

]]>
Жерновски: Патот кон Европа не се измислува – се исполнува https://iportal.mk/stav/zhernovski-patot-kon-evropa-ne-se-izmisluva-se-ispolnuva/ Thu, 26 Feb 2026 12:09:17 +0000 https://iportal.mk/?p=351640

Кога немаш резултати, произведуваш наратив. Кога немаш план, измислуваш прикаски. Премиерот Мицкоски пушти теза дека некој ѝ нудел на Македонија членство во Европска унија без право на глас. Сериозна манипулација

The post Жерновски: Патот кон Европа не се измислува – се исполнува appeared first on IPortal.

]]>

Кога немаш резултати, произведуваш наратив.
Кога немаш план, измислуваш прикаски.
Премиерот Мицкоски пушти теза дека некој ѝ нудел на Македонија членство во Европска унија без право на глас.
Сериозна манипулација и сериозен дефокус со несериозна конструкција.
Тоа експресно и експлицитно го демантираше евроамбасадорот Михалис Рокас, кој беше мошне јасен и прецизен- таква категорија не постои. Во ЕУ нема членки без право на глас.
И наместо да зборуваме за реалните обврски од преговарачката рамка, за реформите што доцнат, за економијата што стагнира и за меѓународната позиција што секојдневно слабее, на јавноста и’ се фрла јадица со измислена понуда. Со театар, кој претставува класичен пример на политички дефокус со намера вниманието на јавноста да се пренасочи од секојдневните владини афери и скандали.
Но крајно време е некој да му објани на Мицкоски дека државничкиот пристап подразбира одговорност во зборот. Кога премиер зборува за наводна понуда од ЕУ, тоа не е партиска изјава, туку тоа е позиција на државата. А кога таа позиција е јавно демантирана, штетата не е партиска. Туку национална, бидејќи Брисел ги гледа и ги следи овие изјави. Таму внимателно се анализира секој јавен став на премиер, секоја формулација, секоја порака што доаѓа од тука. Затоа, кога премиер јавно тврди дека постои можност за „членство без право на глас“ во ЕУ, а тоа експресно го демантира евроамбасадорот, во европските институции не се отвора дилема — се отвора сомнеж.
Сомнеж во сериозноста.
Сомнеж во капацитетот.
Сомнеж во вистинските намери, бидејќи што повеќе се создаваат фантомски сценарија, толку повеќе во Брисел дополнително се зацврстува впечатокот дека за оваа влада, европската интеграција не е приоритет- туку параван.
Времето не работи за нас. Регионот се движи. Геополитиката се менува. Секое одложување, секој дефокус, секоја несериозна изјава ја намалува довербата што тешко и макотрпно се градеше.
До неодамна бевме добрата вест во Брисел, пример дека и тешки прашања можат да се решаваат со политичка храброст. Денес, наместо да бидеме тема поради напредок, станавме фуснота поради недоследност.
ФБ став на Андреј Жерновски

The post Жерновски: Патот кон Европа не се измислува – се исполнува appeared first on IPortal.

]]>