Стојовски: Се постигна целта кривата да се развлече, треба да сме загрижени, но не премногу

Проф. Марјан Стојоски во поладневното издание на “Отворено студио” на 24 ТВ, даде своја оценка за состојбата со коронавирусот во државата и посебно се осврна со свое толкување за досегашната стапка на смртност во нашата земја.

“Во оваа пандемија гледаме и други држави и како кај нив се движи смртноста и колкав е бројот на заболени. Мораме да признаеме дека добро се држиме. Ако гледате емпириски само бројки можеме да се споредуваме со многу земји каде што има и помала смртност, но да погледнеме и земји како Италија, Шпанија, Велика Британија и Русија, зависи од кој аспект гледаме и кои варијабли ги гледаме. Тука би можел да потенцирам дека ние имаме една солидна бројка на тестирани луѓе, но ако земете предвид дека двајца научници од Институтот во Гетинген од Германија со помош на матемичка формула ја анализирале стапката на смртност и од тоа со помош на математичко-епидемиолошка формула го одредуваат потенцијалниот број на инфицирани во државите, тие велат дека според нашиот број на население ние хипотетички имаме околу 10 000 – 13 000 позитивни на коронавирус. Ако на тие 13 000 мерите смртност, стапката е многу помала.

Во моментов сме во тензична состојба кога емпириски мериме само бројки, но ако се свртиме малку пошироко и видиме колкав број на пациенти починуваат секој ден од други болести како што се кардиоваскуларните болести, дијабетесот и други заболувања, ќе видите дека оваа бројка не е голема. Досега, со оваа формула и со овој начин на водењето на Комисијата за заразни болести и на министерот за здравство имаме една солидна состојба која е под контрола и која не даде пик во смила на голем број заразени во исто време. Се постигна целта кривата да се развлече, треба да сме загрижени, но не премногу” – заклучи проф. Стојоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e