Богоевски: Мерките се добри, Мицкоски изнесува лаги и манипулации за да ги одврати граѓаните од аплицирање

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 ТВ,  поранешниот пратеник Павле Богоевски запрашан за став за вториот сет на економски мерки кои беа презентирани денес од страна на техничкиот премиер Оливер Спасовски, а кои се предвидени со цел да се помогне и на работниците и на работодавачите во економскиот контекст предизвикан со здравствената криза со коронавирусот, Богоевски даде позитивна оценка за предвидените економски мерки.

Богоевски воедно апелираше до опозицијата и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да престане со свесни манипулативни и шпекулативни обраќања кон јавноста и даде појаснување на одредени лажни информации пласирани во јавноста:

“Во моментов сме сведоци на свесно обраќање на опозицијата кон јавноста за кое знаеме дека е лажно, манипулативно и невистинито со цел да се прикаже што е можно поголем хаос и да се намали довербата на граѓаните во институциите. Класичен пример ќе дадам. На денешната прес-конференцијата Христијан Мицкоски кажа две отворени лаги за мерките. Целта на кажувањето на тие лаги беше да се одвратат граѓаните од аплицирање за тие мерки, односно да се прикаже што е можно помала ефективност на мерките, да се предизвика уште поголем хаос којшто после тоа ќе им се припише на СДСМ. На пример, една работа која мора да се разјасни. На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ јас сфатив дека нивен примарен интерес не се граѓаните туку оние што добиваат дивиденди, бонуси и сл. Па поради тоа беше кажана лагата дека тие фирми што исплатиле дивиденди во 2019 година нема да бидат апликабилни за асистентската помош за коронавирусот. Јас се јавив во Министерството за финансии, се информирав и тоа не е точно. Тие луѓе ќе бидат апликабилни. Значи сè што фирмите не треба да прават е во моментот кога бараат финансиска помош од државата, тогаш да не делат бонуси и дивиденди на вработените и газдите.

Втора работа којашто ја кажа и која не е точна е математиката на ефективните саати работа. Субвенцијата на минималната плата до 14 500 денари ќе биде доделувана врз основа на ефективните саати на работникот запишани во договорот за работа. Ако работникот е пријавен на половина работно во тој случај фирмата може да добие најмногу половина од тие 14 500 денари. Овие мерки се прават за фирмите погодени од коронавирусот, ама тоа не го спречи Мицкоски да шпекулира.” – истакна Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e