Врската помеѓу цигарите и алкохолот?

Пушите помалку, пиете помалку?

Една студија покажа дека оние кои се обиделе да се откажат од цигарите пиеле помалку алкохол, но од нејасни причини.

Истражувачите ги анализирале податоците од анкетата од речиси 6.300 пушачи во Англија, вклучувајќи ги и 144-те испитаници кои рекле дека се обиделе да се откажат од пушењето една недела пред  да бидат испитани.

Оние кои се обиделе да се откажат од цигарите пиеле помалку алкохол се со помала веројатност да пијат прекумерно од оние кои не се обиделе да се откажат.

“Овие резултати се спротивни на општото мислење дека луѓето кои откако ќе ги остават цигарите имаат тенденција да пијат повеќе со цел да ги надокнадат потребите на организмот создадени врз основа на претераното конзумирање на алхохол и цигари.

Причините за наодите не се јасни. Пушачите може да ја намалат потрошувачката на алкохол кога се обидуваат да се откажат од пушењето за да го намалат ризикот од повторно враќање кон конзумирањето на цигарите, или луѓето кои пијат помалку може со поголема веројатност да се откажат од пушењето, сугерираат истражувачите.

“Се уште не може да се определи причината. Потребни се дополнителни истражувања за да се разбере дали обидите да се откажете од пушењето претходат на обидите да се ограничи потрошувачката на алкохол или обратно.Се надевам дека ќе успееме да ја најдеме врската помеѓу овие два горливи порока на човештвото и ќе помогнеме на многу луѓе да се справат со нив” ,вели главниот истражувач Џејми Браун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e