Внимание: Ова се скриените симптоми кои предизвикуваат инфаркт кај жените

Постојат неколку подмолни знаци кои издаваат дека наскоро може да се добие срцев удар.

Знаете ли дека кај жените има поголема шанса од смрт од срцев удар, отколку од сите форми на рак? Или дека сè повеќе жени умираат од кардиоваскуларни болести отколку мажите? Недостатокот на свест од страна на јавноста ги става жените во уште поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт, бидејќи никој не се сомнева кога се случува!

Болест на срцето – факти и бројки

Срцевите заболувања се причина број 1 во светот за смрт со 17,3 милиони смртни случаи годишно. 43,8 милиони жени во моментов живеат со некоја форма на кардиоваскуларни заболувања.

Што е срцев удар?
Инфаркт е оштетување на срцето и најчестата причина е опструкција од маснa супстанција наречена  во коронарните артерии и крвни садови. Како резултат се забележува запирање на пристапот на крв во одреден дел од срцето, што од своја страна значи недостиг или целосен недостаток на хранливи материи и најмногу кислород.

Раните предупредувачки знаци на срцев удар, кои може лесно да се пропуштат, а тие се:

• невообичаен замор
Бидете на штрек за заморот, кој е нова појава или е ненадеен и тежок.
• Чувство на тежина во градите, кое е придружено со замор може да биде рано предупредување.
Потење и недостиг на воздух.
• Болка во други области од градите – Болката е сигнал дека нешто не е сосема во ред и тоа не е секогаш на точната локација на вистинскиот проблем. Болки во вилицата, болки во грбот или болки во едно од рамената може да биде рано предупредување од срцев удар.
• Чувство за стискање во областа на градите – Болката во рамото, вратот, грбот или вилицата, кое се појавило постепено или нагло
• Болки во стомакот
• Гадење
• Недостаток на воздух или вртоглавица

Совети за намалување на ризикот од инфаркт

Здравјето на коронарните артерии игра огромна улога за ризикот од инфаркт. Вашите артерии можат да се оштетат од токсини и воспаление.

За превентивните мерки можете да прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e